Шпанскиот прволигаш на репрезентативецот Столе Димитриевски, Рајо Валјекано стигна до втората победа оваа сезона, триумфирајќи со 3:0 против Хетафе во дуел на два клуба од мадридските предградија во меч во кој нашиот голман ја сочува мрежата мирна со одбранет пенал во 85. минута.
Мрежата на Димитриевски мируваше на мечот, а Рајо дојде до рано водство уште во 9. минута откако пеналот кој беше досуден Оскар Трехо го смести во голот. За Рајо во 71. минута од мечот дебитираше новото засилување, ветеранот Радамел Фалкао, а победата ја потврди Сенегалецот Пате Сис во 78. минута од мечот, пред Фалкао четири минути подоцна да стави печат на трите поени. Хетафе во 85. минута добија шанса од пенал да го намалат резултатот, но обидот на Енес Унал го одбрани Димитриевски.
Рајо имаат две победи, едно реми и два порази во првите пет меча од новата сезона, во која главна цел ќе биде да се обезбеди опстанокот. Хетафе се „заковани“ на дното со пет порази во пет меча.
Графикa: Sofascore за Топспорт.мк
Dimitrievski le atajó el penal a Enes Ünal.#RayoVallecano 3-0 #Getafe #LaLiga ??pic.twitter.com/l1hcGtsylE
— Bauti (@Bau_Nickk) September 18, 2021
Se le caen los goles @FALCAO pic.twitter.com/5N8BUxvhlW
— Iván Vargas (@iwanvargas) September 18, 2021