Економскиот потпретседател на Барселона, Едуард Ромеу признава дека лутите ривали од Реал Мадрид се во совршена позиција да ги донесат Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд во 2022 година, додека во Каталонија се борат за голо „преживување“ во економската криза, велејќи дека мора да му се симне капа на Флорентино Перез.
Барселона има долг од над милијарда евра, и во текот на летото го загубија Лионел Меси откако не успеаја да го регистрираат неговиот нов договор, како и Антоан Гризман, кого го пратија на позајмица во Атлетико.
„Возможно е тие да ги добијат Мбапе и Халанд во ист преоден рок, бидејќи Реал Мадрид е голем тим со голем потенцијал и сила. Да си ја завршевме нашата домашна работа последните години и ние ќе бевме во таква позиција. Флорентино Перез го води клубот на начин за кој мора да му се симне капа. На бизнис-ниво, никој не му е рамен“, изјави Ромеу.