Шефот на Мерцедес, Тото Волф признава дека Себастијан Фетел е еден од возачите кои „Сребрената стрела“ би сакала да ги види во својот тим откако преговорите со Луис Хамилтон уште не се завршени.
Единствен проблем е тоа што Германецот има договор со Ферари до 2020 година, и Скудерија тешко дека ќе се откаже од четирикратниот светски шампион.
„Себастијан секогаш бил на нашата листа, но тој има договор до 2020 година. Дотогаш, можеме само да се фокусираме на на нашите возачи“, вели Волф за „Билд“.
Мерцедес, нормално, би сакал во тимот да има германски возач, а ситуацијата се компликува бидејќи Валтери Ботас и Хамилтон имаат договор до крајот на сезоната. Една опција сигурно е Даниел Рикјардо, кој уште не го продолжил договорот со тимот на Ред бул, велејќи дека сака да ги процени своите опции.
„Мерцедес секогаш прво гледа на сопствените талентирани возачи, но секогаш има опција за возачи од други тимови. Рикјардо е еден од нив“, додава Австриецот.