Top Sport

Во Наполи згрозени од прославата на Јуве

Наполи со официјално соопштение ги нападна фудбалерите на Јувентус за „бесрамно и навредливо“ однесување при прославата на титулата во Италија.

„Бјанконерите“ покрај седмата титула во низа во Серија А по четврти пат едноподруго ја освоија и Копа Италија, а ја прославија титулата со поминување со отворен автобус околу Торино. Во текот на прославата, дел од фудбалерите, како Блез Матуиди и Даглас Коста имаа Инстаграм видеа во живо на кои можеа да се видат невкусни натписи и банери на навивачите.

Наполитанците најмногу ги налути моделот на ковчег со боите на Наполи и името на Лоренцо Инсиње.

„Шокирани сме од бесрамноста и навредливиот однос покажан од дел од фудбалерите на Јувентус. Ова се сериозни гестови кои ја навредуваат честа на луѓето, посебно на Наполитанците како Инсиње. Ова е целосно неприфатливо“, се вели во соопштението.

Scroll to Top