Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е решен да ги надмине проблемите кои ги има и сака да се врати на теренот. Сепак, 35-годишниот освојувач на 20 грен слем титули го очекува период на рехабилитација по санирањето на проблемот што го има со стапалото.
„Добро сум, но сум имал и подобри денови. Стапалото се уште ме боли. Ова е тежок период за мене. Целта ми е комплетно да се опоравам, цврсто сум определ да ги поминам сите проблеми, да се борам за она што го сакам, а тоа е враќање на теренот“ – вели Надал.
„Бикот од Мајорка“ е сурово реален.
„Како годините поминуваат, така работите мора да се разберат што пореално. Часовникот отчукува, се станува покомплицирано“ вели моментно шестиот светски тенисер.
Надал сезонава освои титули во Рим и во Барселона, а на Ролан Гарос загуби од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.
Веднаш потоа му се интензивираше проблемот со стапалото, па мораше да се откаже од настап на Вимблдон, ОИ во Токио и САД опен.