ПСЖ, синоќа, со пресврт успеа да го победи Лион со 2:1. Пакета постигна гол за Лион, а пресвртот го режираа, Нејмар со голот од пенал и Икарди кој погоди во последните секунди од натпреварот.
Тренерот на Лион, Петер Бош, на прес конференцијата, го коментирал пеналот за ПСЖ. Смета дека неговиот фудбалер бил фаулиран.
„Нејмар е вино виновникот, тој го влечеше Густо. Сигурен сум дека не беше пенал. Разбирам дека судијата не може да го види тоа, но како е можно ВАР да не го забележи тој момент?“, прашал Бош, а пеналот го коментирал и претседателот на Лион, Ѓан-Мишел Ола.
„Горди сем на нашиот тим. Успеавме на ПСЖ да им направиме многу проблеми. Пенал немаше. ВАР требаше да се огласи, одлуката не беше нормална“.