Поранешниот најсилен човек на светот, Британецот Еди Хол се потсмеваше со својот лут ривал, исландската ѕвезда Хафтор Бјорнсон, откако ѕвездата од „Игра на троновите“ го нокаутираше својот ривал Девон Ларат во првата рунда во Дубаи, откако Хол мораше да се повлече од пресметката со скинат бицепс.
Ларат, кој инаку е познат како туркач на раце, се пријави како замена и беше лесно совладан во првата рунда од мечот. Хол не беше импресиониран.
„Браво за Тор што победи старец со пет недели тренинг. Просто прекрасно. Секоја чест за Ларат што воопшто се нафати на меч“, изјави Хол за 46-годишниот Американец.
Тор веднаш му одговори на Хол.
„Знам дека Еди седи дома и одмара со пукаки и кока-кола. Уживај во животот, дечко, бидејќи наскоро ќе те нокаутирам“, изјави Бјорнсон.