Синот на Дејвид Бекам, Ромео го имаше своето професионално деби за клубот на неговиот татко, Интер Мајами во мечот на резерви во неделата навечер.
19-годишниот Бекам јуниор го доби својот прв професионален договор, потпишувајќи за Форт Лодердејл ЦФ, дел од Интер Мајами, каде што неговиот татко е ко-сопственик, и во неделата одигра 79 минути при 2:2 ремито со Тормента.
Ромео стартуваше на позицијата на десно крило, на истото место каде што неговиот татко брилјираше во кариерата во која играше за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Милан и Пари Сен-Жермен, но имаше само 19 допири на топката.
Неговиот најдобар момент беше во 57. минута, кога со одлично додавање го пронајде Харви Невил, синот на тренерот на Интер Мајами, Фил Невил, но тој беше непрецизен.