Top Sport

Паулињо замина од Ал-Ахли по само четири меча

Поранешниот фудбалер на Барселона, Паулињо го раскина договорот со саудискиот Ал-Ахли, каде што му беше соиграч на Езѓан Алиоски по само четири одиграни натпревари поради „итни околности“.

33-годишниот Паулињо одигра само четири меча за Ал-Ахли во кои постигна два гола, а имаше договор вреден фантастични 10 милиони евра по сезона и договор до 2024.

„Раскинувањето на договорот со Паулињо доаѓа поради итни околности. Тој неодамна зборуваше со менаџментот на тимот што се отсликуваше со перформансите на теренот во последните натпревари и тој ја искажа неможноста да даде придонес за тимот“, се вели во соопштението на клубот.

Scroll to Top