Четвртата носителка, Украинката Елина Свитолина ја одбрани титулата на Италија опен со стил, доминирајќи против слабата Симона Халеп со 6:0/6:4
Светската тенисерка број 1, Халеп, во мечот пристигна по тешката победа во три сета над Марија Шарапова во саботата, и очигледно беше уморна, не достигнувајќи ниту еден брејк поен во текот на целиот меч.
„Фантастично е да се одбрани титулата на ’Форо Италико’. Ова е навистина посебно место за мене“, вели Свитолина, која и во минатогодишното финале беше подобра од Халеп.
Украинката сега има осум финални победа во исто толку мечеви, откако против Халеп започна фуриозно, дозволувајќи и на Романката само 15 отсто од поените на прв сервис. Победата дојде за само 67 минути на втората меч-топка, и сега Украинката е една од фаворитките од сенка на Ролан Гарос, кој стартува за една недела.
„Секогаш уживам на Ролан Гарос, но прерано е да се размислува за турнирот. Гренд слем турнир е нешто сосема поинакво за сите нас“, вели Свитолина.
Фото: ЕПА