Top Sport

Санчез без обесштетување ќе го напушти Интер

Интер во зимскиот преоден рок ќе се раздели со Алексис Санчез, тврди „Кориере дело Спорт“. Според овој извор, Чилеанецот ќе добие дозвола без обесштетување да го напушти клубот.

Алексис Санчез има договор со Интер до крајот на сезоната 2022/2023. Годишно заработува седум милиони евра.

Санчез, минатата сезона, за Интер одигра 38 натпревари, постигна седум гола и забележа осум асистенции.

Санчез во 2019 година пристигна во Интер на позајмица од Манчестер јунајтед, потоа клубот го откупи неговиот договор.

Чилеанецот во Европа играл и за Удинезе, Барселона и Арсенал.

Scroll to Top