Годините, очигледно, течат поинаку за Кристијано Роналдо. И покрај тоа што има 36 години и многу критичари сметаа дека Манчестер јунајтед згрешија што го вратија во тимот бидејќи е „потрошен“, тој не само што одговори со четири гола во првите три меча за „ѓаволите“, туку покажа дека е можеби и најдобро подготвен фудбалер на премиерлигашот.
Во текот на викендот на мечот со Вест хем, Роналдо неверојатно бил најбрзиот фудбалер со максимална брзина со 32.51 км/ч, пред соиграчот Арон Ван-Бисака и фудбалерот на „чеканите“ Џерод Боуен.
„Роналдо ги чувствува големите моменти и е безмилосен. Смртоносен за противничката одбрана и го крена нивото на тимот. Има нос за опасност и знае да биде тимски играч“, изјави Солскјер по тој меч.