Top Sport

Федерер имал успешна операција, ќе го пропушти Лејвер купот

Роџер Федерер, 20-кратниот гренд слем шампион, потврди дека ќе го пропушти Лејвер купот во Бостон, откако беше на успешна операција на коленото.

Швајцарскиот ветеран се бори со повредите последните две години, и во август беше на нова операција на коленото за повредата која ја доби при настапот на Вимблдон, но најави дека не ја завршува кариерата и дека ќе се врати на АТП турнејата во 2022.

Тој сигурно нема да игра во Лејвер купот, турнир на кој тој е делумен организатор, и во кој игра Европа против остатокот од светот.

„Навистина сум разочаран и ќе ми недостасуваат момците, тимскиот дух и фановите. Беше прекрасно во Женева, Прага и Чикаго и ќе ги гледам мечевите на телевизија“, вели 40-годишниот Федерер.

Следното издание на Лејвер купот ќе се оддржи во Лондон во „О2 Арената“ и Федерер најави дека ќе биде таму.

Scroll to Top