Германскиот тим Фуксе Берлин е освојувач на ЕХФ купот, откако во финалето во Магдебург со 28:25 го совлада францускиот Сен Рафаел во меч во кој бундеслигашот беше апсолутен фаворит за победа.
Фуксе имаше три-четири поени разлика во текот на првото полувреме, но Сен Рафаел имаше добар финиш да дојде на 13:14. Сепак, бундеслигашот се одлепи со серија од 5:0 на почетокот на второто полувреме за да дојде до титулата во второто по ранг натпреварување на ЕХФ.
Најдобар за Фуксе беше Матијас Закрисон со 9 голови, додека за Сан Рафаел, Рафаел Кашето постигна осум. Третото место во ЕХФ купот го освои Магдебург по 35:25 победата над Гепинген во германската борба за подиумот.