Top Sport

Милан со „петарда“ за Фиорентина за крај на сезоната (видео)

Милан на Џенаро Гатузо се збогуваше со своите фанови по потпросечната сезона по која не обезбедија ниту Лига на шампиони, ниту го освоија Купот на Италија, со импресивна 5:1 победа над Фиорентина.

Виола дојде до водство на „Сан Сиро“ уште во 20-тата минута преку Џовани Симеоне, но „росонерите“ преку Чалханоглу и Кутроне до полувремето направија пресврт за 2:1 водство. Калиниќ, Кутроне и Бонавентура до крајот на мечот обезбедија Фиорентина дома да замине со „петарда“.

Наполи пак, сезоната во која беа толку блиску, но толку далеку од скудетото ја завршија со неубедлива 2:1 победа над Кротоне. Милик и Калехон уште во првото полувреме го решија мечот, пред Кротоне, кој следната година ќе настапува во Серија Б, да постигне гол во финишот на натпреварот на „Сан Паоло“.

СЕРИЈА А, 38.КОЛО

Милан – Фиорентина 5:1

Каљари – Аталанта 1:0

Киево – Беневенто 1:0

Наполи – Кротоне 2:1

СПАЛ – Сампдорија 3:1

Удинезе – Болоња 1:0

Scroll to Top