Роналд Куман, во пресрет на утрешниот натпревар со Кадиз, во Примера, одржа необична прес конференција.
Тренерот на Барселона, кој се наоѓа под голем притисок на медиумите, по поразот од Баерн и ремито со Гранада, пред новинарите се појави со подготвена изјава, а откако ја прочита ја напушти прес конференцијата.
„Клубот со мене е во фаза на реконструкција. Финансиската ситуација е поврана со спортот, што значи дека мораме да го реформираме тимот без можност да вложиме големи пари. На фудбалот му е потребно време, младите за две години можат да станат светски ѕвезди. Добро е што младите ќе имаат можности какви што имаа Чави и Иниеста, но таквата работа бара трпение. Ќе биде голем успех доколку во Примера избориме висок пласман. Во Лигата на шампионите не можете да очекувате чуда“, прочита Куман и си замина.
Утрешниот меч во Кадиз би можел да биде последен за него како тренер на Барселона, доколку тимот не забележи победа.