Галатасарај и четврти меч во низа не успеа да победи, откако на гостувањето кај Кајзериспор доживеаја тежок 3:0 пораз, кој ги остава на 11. место на табелата со дури 6 поени заостанување зад лидерот Бешикташ по само шест кола.
Маме Тијам во 39. минута ги донесе домаќините во водство, за само пет минути подоцна Емран Басан да зголеми на 2:0. Тијам го заврши мечот со уште еден гол од пенал во 53. минута од мечот.