Top Sport

Саботажа пред Салернитана-Верона – вандал фрлил сол на теренот

На стадионот „Ареки“ во Салерно се случил бизарен инцидент пред мечот помеѓу Салернитана и Верона (кој заврши 2:2), откако некој вандал во текот на ноќта влегол на стадионот и ставил голема количина сол на теренот.

Според „Калчомеркато“, намерата била да се уништи тереот за игра, и клубот утрото ја известил полицијата и со посебен детергент ја отстранил солта и го вратил теренот во првобитна состојба.

Не е јасно дали солта помогнала Салернитана да стигне до првиот поен во петтиот меч од сезоната.

Јуве, се намачи со Специја, но стигна до својата прва победа оваа сезона

Scroll to Top