Севилја го продолжи непоразениот старт во новата сезона во Ла лига, победувајќи ги Валенсија со 3:1, додека повратникот во елитата, Еспањол, конечно, стигна до првата победа, триумфирајќи над Алавес со 1:0 откако во првото полувреме им беа поништени два гола.
Алехандро Папу Гомез уште во третата минута ги донесе Севилја во водство на „Рамон Санчез Писхуан“, за во 15. минута да биде 2:0 по автоголот на Тони Лато. Рафаел Мир веќе во 22. минута зголеми на 3:0, по што гостите успеаја да го намалат водството преку Хуго Дуро во 30. минута.
Во Барселона пак, Еспањол имаше два поништени гола преку Раул де Томас во 3. и 18. минута, за потоа истиот фудбалер од пенал во 54. минута да донесе победа.
ЛА ЛИГА, 6.КОЛО
Севилја – Валенсија 3:1
Еспањол – Алавес 1:0