Top Sport

УЕФА контра ФИФА

Европската фудбалска унија (УЕФА), на состанокот на Извршниот одбор во Кишињев, уште еднаш го искажа незадоволството од идејата на ФИФА, светските првенства да се играат на две години.

УЕФА ја повика ФИФА да престане со спроведување на планот и да се насочи кон реформите во натпреварувачкиот календар. Од УЕФА се со став дека одржувањето на Мундијалите на две години ќе го намалат влијанието на најголемата смотра на светскиот фудбал, ќе го зголеми ризикот од повреди кај играчите и целосно во втор план ќе го фрли женскиот фудбал.

„Ова се само некои од сериозните проблеми што ќе го предизивика предлогот на ФИФА. Овие проблеми не можат да се отстранат со некакви пароли и наводните предности на новиот план“, порачаа од седиштето на УЕФА.

УЕФА објави дека на 14.септември побарале состанок со ФИФА, но дека се уште не добиле одговор.

Претходно претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, предупреди дека УЕФА ќе бојкотира во случај ФИФА го спроведе својот план.

„Ние можеме да донесеме одлука да не играме“, рекол Чеферин за „Тајмс“.

Scroll to Top