Паоло Дибала и Јувентус се блиску до потпишување на нов договор. Актуелниот договор што го има Аргентинецот со „старата дама“ истекува на крајот од сезоната. Клубот од јули преговара со менаџерот на Дибала околу новиот договор.
„Блиску сме. Останаа уште некои ситници, тогаш ќе можеме да кажеме дека ја завршивме работата“, рекол еден од директорите на Јувентус, Павел Недвед.
Поранешниот играч на Јувентус, информирал дека наскоро клубот ќе ги започне преговори за продолжување на договорот на Хуан Квадрадо.