Гевгелискиот планинар д-р Георги Петков (63) починал вчера од срцев удар на Хималаите, во обид да го освои највисокиот врв Монт Еверест. Веста што е објавена на повеќе медиуми, официјално ја потври на својата интернет страница планинарското друштво „Кожув“ од Гевгелија.
Петков доживела инфаркт додека се наоѓал на третата базна станица, подготвувајќи се за последната етапа од искачувањето кон врвот.
Веста за смртта на македонскиот алпинист ја потврдил и менаџерот на базниот логор Ками Нуру Шерпа.
„Во тек се напори за спуштање на неговото тело во долниот логор“, рекол менаџерот на базниот логор.
Д-р Петков бил дел од експедицијата предводена од британскиот планинар и лидер за комерцијална експедиција, Тим Мосејдеј.
На поход кон искачување на Монт Еверест тој тргнал на 24.март годинава, а според планот требало до крајот на месецот да се искачи на врвот и да биде шестиот Македонец што го освоил највисокиот врв во светот.