Top Sport

Фјури во рингот се враќа против гостиварецот Сефери

Поранешниот шампион во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури, по пауза од две и пол години, во рингот ќе се врати на 9.јуни во Манчестер, а противник ќе му биде гостиварецот Сефер Сефери.

29-годишниот Фјури, последната борба ја имал на 28.ноември 2015 година, кога го победи легендарниот Владимир Кличко и го освои шампионските пехари во ВБА, ИБФ, ИБО и ВБО федерациите.

Потоа поради, тој падна на допинг тестот имаше и некакви приватни проблеми, поради што се откажа од титулите. Поради кршењето на анти-допинг правилата му беше одземена и лиценцата која му е вратена оваа година.

foto: epa

Дека Фјури ќе се врати во рингот на 9.јуни беше познато од претходно, а сега е објавено и името на неговиот противник.

Сефер Сефери е роден во Гостивар, има 39 години, а настапува под знамето на Албанија. Сефери досега се борел во крузер категоријата, а сега ќе влезе во рингот против тешкашот Фјури, кој допрва треба да покаже дали се враќа во шампионската форма.

Сефери во кариерата има 24 победи и само еден пораз, додека Фјури нема пораз во 25.борби, а 18 победи забележал со нокаут.

Scroll to Top