Top Sport

Не е лесно 20 години да си голман – прстот на Роб Грин кажува многу

Поранешната ѕвезда на Челси, Џими Флојд Хаселбанк беше во шок кога го виде малиот прст на поранешниот премиерлигашки голман Роб Грин, како резултат на 20 години професионален фудбал.

Поранешниот голман на Вест хем и англиската репрезентација му го покажа прстот на Хаселбанк и поранешниот соиграч од КПР, Боби Замора, кога зборуваа за силината на упатените удари во Премиер лигата.

„Ова е од еден од слободните удари на Џими од пред 15 години“, се шегуваше Грин.

Грин уште во 2015 година призна дека проблемот со малиот прст е резултат на 20-години бранење силни удари.

Scroll to Top