Бретфорд, дебитантот во Премиер лигата, успеа да освои бод против Ливерпу. Дуелот на двата тима, одигран во шестото коло, завши без победник 3:3. По ова коло Ливерпул е единствениот непоразен тим во лигата и со 14 поени е лидер на табелата, Бретнфорд се деветти со девет поени.
Бретнфорд, по победата над Арсенал, во првото коло, успеа да запре уште еден од великаните на англискиот фудбал. Ливерпул, два пати водеа, но не успеаја да победат.
Фантастичнио натпревар со гол го отвори Пинок во 27.минута. Радоста на домашните навивачи траеше само четири минути, резултатот го израмни Диго Жота.
Ливерпул направија пресврт со голот на Салах во 54.минута. Египќанецот во својот 151 настап за Ливерпул во Премиер лигата, го постигна 100 гол. Ниту еден играч во историјата на Ливерпул, не успеал побрзо да дојде до трицифрена бројка на голови.
Брентфорд се вратија во мелот во 63.минута кога Алисон го совлада Јанелт. Нецела минута се радуваа домашните на голот за 2:2, Џонс со убав гол ја врати предноста кај Ливерпул.
„Црвените“ потоа промашија две добри шанси, преку Салах и Мане. Казната за промашувањата ги стигна во 82.минута кога Виса го постави конечниот резултат.