Top Sport

Страшен нокаут во Тотенхем арена

Додека светот ја чека борбата за светската титула во тешка категорија помеѓу Ентони Џошуа и Александар Усик, во една од воведните борби е виден застрашувачки нокаут.

Калум Смит, се врати во рингот, по првиот пораз во кариерата од Канел Алварез. Ривал му беше младиот Ленин Кастиљо.

Борбата заврши со нокаут во втората рунда. Смит директно во челото го погоди Кастиљо, кој како вреќа падна на подот.

Британските медиуми објавија дека, Кастиљо веднаш бил хоспитализиран и покрај тоа што во моментот кога ја напушташе арената бил во свесен и комуникативен.

https://twitter.com/Cantona_Collars/status/1441850240705994753

Scroll to Top