Top Sport

Џенова се врати од 0:2, на крајот освои бод против Верона

Џенова и Верона освоија по еден бод, откако одиграа неверојатен меч на „Луиџи Ферарис“. Верона имаше предност 0:2, Џенова успеа да направи пресврт, а бод за Верона спаси Калиниќ во 91.минута. Горан Пандев играше во второто полувреме и поради приговор доби жолт картон.

Верона водеше со головите на Симеоне во осмата и Барак од пенал во 48.минута. Во финишот на натпреварот, Џенова од 77. до 85.минута направи целосен пресврт. Два гола постигна капитенот Кришито, еден Дестро.

На крајот за реми се погрижи поранешниот хрватски репрезентативец Калиниќ.

Scroll to Top