Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба отворено зборуваше дека нема големи шанси тој да заврши во тимот на Пари Сен-Жермен, бидејќи тоа „не е негов клуб“.
„Сигурен сум дека нема да играм клупски фудбал на ’Паркот на принцовите’. Тоа не ме привлекува бидејќи моите родители беа навивачи на Марсеј, така што Париз не е во моите планови“, вели Погба во интервју за „Канал плус“.
Погба, кој оваа година беше на удар на критичарите по слабата постојаност, зборуваше и за неговиот однос со Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, кој честопати го оставаше на клупата оваа сезона.
„Имаше премногу коментари околу тоа и имаше одредени натпревари на кои бев на клупата. Луѓето си претпоставија дека нешто не е во ред меѓу нас двајца, но тренерот и фудбалерот не мораат да се најдобри пријатели. Отидовме заедно во ресторан и зборувавме. Тој ме остави на клупата некогаш, но кога се враќав во игра давав уште повеќе за тимот“, објаснува Погба.
Тој очекува Мурињо да остане долго на „Олд Трафорд“ и да брка титули бидејќи е таков карактер.
„Затоа го викаат специјалниот. Тој е полуд од мене, тоа е сигурно“, додава Погба.
Фото: ЕПА