Top Sport

Лауда: Сосема можно е Мерцедес да замине од Ф1

„Заканите“ за заминување од Формула 1 не се ограничени на Ферари, откако Ники Лауда, не-извршниот директор на Мерцедес, потврди дека иднината на славната германска марка во спортот по 2020 воопшто не е сигурна.

Тимовите не се согласуваат со новите сопственици на Ф1, „Либерти медија“ околу голем број на правилата од сезоната 2021, како модифицирани мотори за помали трошоци и ограничување на буџетот на тимовите.

„Има некоја граница за врвните тимови. Можно е било кој да си замине ако спортот отиде во погрешна насока. Затоа треба да се биде многу внимателен“, вели Австриецот во интервју за „Витшафтсвохе“.

Од друга страна, Мерцедес веќе потврди дека е приклучува на Формула Е, шампионатот со болиди на електричен погон веќе во 2019 година.

„Пред три години немаше да дадеме голема шанса на Формула Е, но времињата се менуваат. Сепак, Формула 1 е единствениот бренд на глобалната сцена“, изјави шефот на тимот, Тото Волф за весникот „Билд“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top