Британецот Џош Фајлс е победник на втората трка од ТЦР Европа шампионатот во холандскиот Цандворт, додека македонските тркачи Давидовски и Стефановски немаа најдобра трка и завршија на пониските позиции.
Фајлс го победи домашниот тркач Јап ван Ланген за триумфот во втората трка, додека подиумот го комплетираше уште еден Холанѓанец, Дени Крос.
Виктор Давидовски со својата Хонда беше на 15. место, едно пред Игор Стефановски-Иџе во неговото Хјундаи.
Србинот Душан Борковиќ, иако беше само на 18. место, останува лидер во генерален пласман со 66 поени, исто колку победникот на првата трка во Холандија, Микел Азкона (кој беше шести во втората трка), додека Фајлс е трет со 50 поени. Стефановски се наоѓа на 14. место со 6 освоени поени.