Мирко Филиповиќ-Кро кап го откажа реваншот со Рој Нелсон на 25 мај во Лондон поради скинати лигаменти на левото колено, објавуваат хрватките медиуми.
На само една недела пред еден од најважните мечеви во долгата кариера, по една година подготовки, Филиповиќ се повреди на тренинг. Самиот тркач вели дека бил подготвен да влезе во рингот како повреден пред да го убедат да оди на операција, која веќе е направена во болницата „Св. Катарина“ во Загреб.
Филиповиќ за „Индекс“ изјави дека ова не значи крај на неговата кариера, и веќе во октомври планира враќање во рингот, како и новогодишен меч.
43-годишниот Хрват сакаше да се одмазди на Нелсон за поразот во 2011 година, и да ја продолжи низата од осум победи од 2014 година.
Кро кап во свој стил: Десна нога болница, лева нога гробишта! (видео)