Top Sport

Кро кап во свој стил: Десна нога болница, лева нога гробишта! (видео)

Мирко Филиповиќ Кро кап се враќа во рингот за десетина дена, откако ќе дебитира во Белатор ММА организацијата со реванш против Американецот Рој Нелсон.

На 25 мај, Филиповиќ ќе оди по деветта победа во низа во неверојатниот препород на неговата кариера, и секако, по одмазда против „Биг кантри“ Нелсон, кој го победи во 2011 година.

На Фејсбук, Кро кап потсети на своите најдобри моменти во рингот со препознатлив опис.

„Десна нога – болница, лева нога – гробишта“, напиша Филиповиќ.

Нелсон: Кро Кап изгледа најде подобри дроги

Scroll to Top