Top Sport

Што мислеше Азпиликуета со овој „старт“ над Грилиш?

Капитенот на Челси, Цезар Азпиликуета вчера во дербито со Манчестер сити, имаше во најмала рака кажано, бизарен „старт“ на новата ѕвезда на тимот на Гвардиола, Џек Грилиш, потег кој стана хит на социјалните мрежи, каде што дел од фановите се потсмеваат дека се работи за „непристоен“ предлог а Шпанецот.

Во 51. минута од мечот во обид да спречи една акција на Сити, Азпиликуета буквално се „качи“ на англискиот противник, предизвикувајќи бизарна реакција од него.

Како и да е, навивачите на Сити, конечно, беа задоволни од перформансите на Грилиш во дресот на Сити, оценувајќи дека тој ја имал најдобрата партија досега при 1:0 победата.

Scroll to Top