Мото ГП асот Марк Маркез ќе има прва можност да вози Формула 1 болид на приватниот тест со Ред бул во Австрија следниот месец, објавува „Аутоспорт“.
Колегата на Маркез од Репсол Хонда тимот, Дани Педроза, како и деветкратниот светски шампин во мотокрос, Тони Каироли ќе бидат дел од тестирањето на патеката „Ред бул ринг“ во Шпилберг на 5 и 6 јуни.
Уште не е утврдено кој болид ќе го возат тројцата мотоциклисти, но најверојатно ќе се работи за В8 машина од 2013 година.
Светскиот шампион Маркез не е единствениот кој ќе има искуство со Ф1 болид – девекратниот шампион Валентино Роси тестираше повеќе пати за Ферари, а дури размислуваше и за трансфер во Ф1 во 2006 година, пред да реши да се фокусира на Мото ГП.