Top Sport

Пјаниќ на принудна пауза

Миралем Пјаниќ, најмалку две недели ќе отсуствува од терените. Пјаниќ се повреди, во саботата, на гостувањето кај Алтај. Репрезентативецот на БиХ, теренот го напушти во 32.минута. Бешикташ овој меч го загуби со 2:1.

Пјаниќ, последниот ден од преодниот рок, ја напушти Барселона и се пресели на позајмица во Бешикташ. За актуелниот шампион на Турција, настапи на пет натпревари, на кои забележал три асистенции.

Бешикташ ќе биде без Пјаниќ, утре во Амстердам, на натпреварот со Ајакс во Лигата на шампионите. Тој нема игра и за репрезентацијата на БиХ против Казахстан на 9.октомври и три дена подоцна против Украина.

Scroll to Top