Top Sport

Ферги за второто деби на Роналдо: Како кога Цезар влегол во Рим!

Сер Алекс Фергусон е воодушевен од враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, оценувајќи го како фантастична вест и споредувајќи го историското влегување на Цезар во Рим по триумфот.

Јунајтед неочекувано го вратија Роналдо од Јувентус за 20 милиони фунти, 12 години по заминувањето во Реал Мадрид, и навивачите реагираа со воодушевување за 36-годишниот Португалец, кој во своето деби постигна два гола при 4:1 победата над Њукасл, натпревар на кој присуствуваше и Фергусон.

Ферги, кој ги предводеше Јунајтед до 13 титули од Премиерлигата и 2 од Лигата а шампиони од 1986 до 2013 година, вели дека чувството било фантастично.

„Видовте таа сабота дека беше како Цезар кога влегува во Рим по триумф. Дојдов, видов, освоив. Беше фантастично. За секој навивач на Јунајтед, можевме да имаме милион луѓе на стадионот. Многу луѓе го критикуваа, велеа дека само симулира, но потоа сфатија каков фудбалер е. Тој жртвуваше многу да биде најдобар. Се сеќавам кога игравме со Арсенал во сабота и врнеше во Керингтон, така што не излеговме на тренинг. Што направи тој? Отиде на затворениот терен и тренираше. Не можев да му кажам ништо, ме победи“, вели Фергусон.

Тој објаснува дека во 2009 година, морал да го пушти да оди во Реал Мадрид.

„Тој сонуваше да игра за Реал Мадрид. Не бев против тоа, шест години беа доволни за момчето од Мадеира. Мислам дека најдовме добра замена во Антонио Валенсија. Знаев дека Роналдо ќе стане голем, кога доби платформа во Реал. Да бидеме искрени кон Реал, тие се еден од клубовите кои постојано вадеа врвни фудбалери и имаат 13 европски титули. Секој фудбалер сака да биде таму“, објаснува Шкотланѓанецот.

Scroll to Top