Top Sport

Почетино тврди нема проблем откако Мбапе го нарече Нејмар клошар

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Почетино инсистира дека во неговиот тим соиграчите се и пријатели откако снимките во текот на викендот го покажаа Килијан Мбапе како го нарекува Нејмар „клошар кој не му додава“ откако беше заменет на саботниот меч против Монпелје.

Според „Л’Екип“, Нејмар бил наречен „клошар“ (clochard) од страна на Мбапе, иако дел од француските медиуми го демантираат ова, тврдејќи дека кажал дека „кога сум јас“, а не „клошар“. Како и да е, реакцијата го предизвика и Почетино да го даде своето мислење.

„Тие се фантастични момци и големи натпреварувачи. Зборуваа по мечот и јас зборував со нив. Видовте дека на денешниот тренинг беа насмеани. Ваквите ситуации предизвикуваат бучава во медиумите, но тоа не е вистинската ситуација и не ја отсликува реалноста“, вели Почетино.

И нивниот соиграч, Андер Ерера, вели дека е се работи за проблем.

„Кога пристигнав во клубот веднаш ја видов поврзаноста меѓу Неј и Килијан и тоа не се сменило. Во еден меч, секој сака да даде гол или да има асистенција и понекогаш тоа не се случува. Понекогаш работите кои се објавуваат во медиумите не се вистинити“, додава Шпанецот.

Scroll to Top