Top Sport

Би-би-си: Унаи Емери на клупата на Арсенал

Поранешниот тренер на Пари Сен-Жермен, Унаи Емери ќе биде новиот тренер на Арсенал, јавува „Би-би-си“, откако веќе се сметаше дека е готова работата асистентот на Манчестер сити, Микел Артета да биде именуван за заменик на Арсен Венгер.

46-годишниот Шпанец (поточно, Баскиец), си замина од ПСЖ по крајот на сезоната откако освои една Лига 1 титула и четири домашни купови во две сезони, за да направи место за новиот тренер, Германецот Томас Тухел. Емери претходно ја предводеше Севилја до три титули едноподруго во Лигата на Европа од 2014 до 2016 година.

Според „Би-би-си“, мал проблем претставувало тоа што Емери не зборува течно англиски, но дека и тоа бргу ќе се поправи. Официјалната потврда би требало да стигне оваа недела.

Фото: ЕПА

Scroll to Top