Top Sport

Арсенал се збогуваше со Казорла

Ветеранот Санти Казорла ќе го напушти Арсенал следниот месец, и е во преговори со Вилјареал за враќање во својот поранешен тим.

Шпанецот, кој има 77 настапи за репрезентацијата, последните две години ги мина во „пеколот“, откако имаше десетина операции на скочниот зглоб, и немаше настапи од октомври 2016 година. Тој се врати на тренинзи со клубот пред крајот на сезоната.

„Санти секогаш ми бил еден од омилените фудбалери за гледање. Неговата природна способност со двете нозе, брзината на мислите и движењето беше клучно за нас. Игра со слобода и радост која ретко се гледа. Му посакуваме сѐ најдобро и му благодариме за тоа што направи за клубот“, вели извршниот директор на Арсенал, Иван Газидис.

Казорла дојде од Малага во Арсенал за 12 милиони фунти во 2012 година, и сега би требало да се врати во „жолтата подморница“, каде што играше од 2007 до 2011, прво на тренинг-кампот, а потоа кога ќе ја покаже подготвеноста за нов договор како слободен играч.

Животна драма на Казорла: Требало да му биде ампутирана ногата

Scroll to Top