Европската фудбалска унија (УЕФА) се откажа од тужбата против основачите на Суперлигата: Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. За разлика од англиските клубови (Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, Арсенал, Челси, Тотенхем), односно Интер, Милан и Атлетико Мадрид, споменатите три клуба не се откажаа од својот проект.
Судот во Мадрид, минатата недела, пресуди дека УЕФА мора да ја запре постапката против Реал, Барселона и Јувентус. УЕФА реши да ја почитува одлуката на овој суд и ја запре постапката.
„УЕФА ја поништи тужбата, како таа никогаш да не била покрената“, соопшти УЕФА и оцени дека секое евентуално инсистирање судскиот процес да продолжи би бил контрапродуктивен.
Сепак, УЕФА ги предупреди клубовите, дека повторно ќе покренат судски процес, доколку клубовите се обидат да ја активираат Суперлигата.