Денвер Нагетс го обезбедија потписот на Мајкл Портер јуниор и во наредните пет години. Третата ѕвезда во тимот од Денвер ќе добие 207.000.000 долари.
Портер јуниор е четвртиот играч од својата генерација, кој доби максимален договор, откако му завршил руки-договорот. Претходно вакви договори потпишаа Лука Дончиќ со Далас, Тре Јанг со Атланта и Шај Гилџис-Александер со Оклахома.
Според овој договор Портер јуниор сигурно ќе заработи 172.000.000 долари, останатите 35.000.000 долари ќе треба да ги заработи оваа сезона. Портер јуниор ќе треба да игра на Ол-стар натпреварот или да биде избран во една од трите најдобри петорки во лигата за да ги добие сите пари од договорот.
Мајкл Портер јуниор беше 14.пик на драфтот во 2018 година. Минатата сезона, ја заврши со просек од 19 поени и 7,3 скока по натпревар.