Top Sport

Насри за соработката со Сампаоли: Излегував, се пијанев, правев што сакав, тој секогаш ме покриваше

Сами Насри, минатата недела замина во пензија. Поранешниот француски репрезентативец го повлече овој потег откако не успеа да најде клуб. Минатата сезона го носеше дресот на Андерлехт.

Насри е еден од играчите, кој поради работи што несе поврзани со фудбалот, никогаш до крај на го покажа својот вистински квалитет. Не крие дека алкохолот и жените му биле поважни од фудбалот. Потоа целосно порадо допинг аферата.

За „Журнал ду диманш“, открил како Хорхе Самаполи го убедил да го облече дресот на Севилја во сезоната 2016/2017.

„Тој повеќе беше пријател од тренер. Толку многу ме сакаше што ми кажа: „Дојди кај нас. Можеш да излегуваш, да пиеш, да бркаш жени, да правиш што сакаш, јас ќе те покривам“. Кажа дека од мене сака само да играм добро за викендите“.

Токму поради Сампаоли, тој летово се поврзуваше со Олимпик Марсеј.

„Во Франција не би можел да играм за друг клуб, можам да играм само за Марсеј“, истакнал Насри.

Фудбалерот кој одиграл 41 натпревар за Франција, кариерата ја започна во 2004 година во Марсеј, во кариерата играч за Арсенал, Манчестер сити, Севилја, Анталија, Вест Хем и Андерлехт.

Scroll to Top