Top Sport

Пешиќ е новиот селектор на Србија

Легендарниот Светислав Пешиќ ќе ја предводи кошаркарската репрезентација на Србија. Функцијата ја презеде од Игор Кокошков, кој замина по неуспехот на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио.

Пешиќ на кормилото на националниот тим се враќа по две децении. Во првиот мандат, тогаш како селектор на СР Југославија, стана ервропски и светски првак.

Пешиќ ќе дебитира на новата функција во ноември, против Летонија и Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Scroll to Top