Нголо Канте ќе ги пропушти наредните два натпревари на Челси, а нема да игра и за Франција, во октомврискиот циклус, во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Канте, во саботата, против Манчестер сити, ја обновил повредата на препоните, поради која веќе пропушти неколку натпревари во септември. Канте од почетокот на сезоната одиграл само пет натпревари, во ниту еден од нив не бил на теренот во текот на сите 90 минути.
Поради повредата, Канте нема да игра утре против Јувентус, во Лигата на шампионите и во сабота, против Саутемптон во Премиер лигата.