Фудбалскиот клуб Арсенал соопшти дека Санти Казорла ќе го напушти клубот кон крајот на јуни, кога ќе му заврши договорот.
Казорла во Арсенал пристигна од Малага во 2012 година, за клубот има одиграно 180 натпревари (29 гола).
Поради тешката повреда на Ахиловата тетива, 33-годишниот фудбалер последниот меч за екипата од северен Лондон, го има одиграно 19.октомври 2016 година против Лудогорец.
Поранешниот шпански репрезентативец со Арсенал освоил по два трофеи во ФА купот и Комјунити шилд.
Во кариерата го носел и дресот на Виљареал, а според медиуми тој токму во оваа екипа ќе ја продолжи кариерата.