Навивачите на белгиската фудбалска репрезентација не се согласуваат со одлуката на селекторот Роберто Мартинез, да го изостави Раџа Наинголан од спискот на играчи што ќе играат на Светското првенство во Русија.
Незадоволството е толкаво што еден од навивачите решил, преку еден поратл, да покрене петиција, која во моментот на пишувањето ја потпишале околу 20.000 луѓе.
„За Белгија е потребно Раџа да оди во Русија!Тој е еден од најдобрите и најважните играчи во тимот. Поради разлики помеѓу тренерот и играчот, селекторот ја лишува целата земја од услугите на еден од најдобрите фудбалери. Тоа не е нормално“, пишува во петицијата.
Откако неговото име не се најде на списокот на селекторот Мартинез, Наинголан на социјалните мрежи, објави дека се повлекува од националниот тим.