Top Sport

Виљареал на „Олд Трафорд“, Јувентус против европскиот првак

Вечерва ќе биде комплетирано второто коло во Лигата на шампионите. На програмата се натпреварите во групите Е,Ф, Г и Х.

Три натпревари привлекуваат посебно внимание. Актуелниот европски првак Челси ќе гостува во Торино кај Јувентус. „Сините“ ќе бидат без Нголо Канте, Јувентус има погоелми проблеми, натпреварот ќе го пропуштат Паоло Дибала и Алваро Мората.

Бенфика ќе и се спротивстави на Барселона. Победата им е императив на двата тима. Бенфика во првиото коло освои бод кај Динамо во Киев, додека Барселона доживеа пораз од Баерн.

На „Олд Трафорд“, Манчестер јунајтед ќе го пречека Виљареал, тим кој сезонава е специјализиран за нерешени резултати. „Жолтата подморница“,од почетокот на сезоната, има одиграно седум натпревари, шест пати дуелите завршувале без победник.

Ова ќе биде реприза од финалето во Лига Европа. На 26.мај во Гдањск, По 11 серии пенали, Виљареал ја освои титулата со победата 11.10.

Програмата ќе биде отворена со натпреварите во Бергамо и Санкт Петербург од 18.45 часот, останатите натпревари ќе започнат во 21 часот.

Група Е:

Минхен: Баерн-Динамо Киев
Лисабон: Бенфика-Барселона

Група Ф:

Манчестер: Манчестер јунајтед-Виљареал
Бергамо: Аталанта-Јанг Бојс

Група Г:

Волфсбург: Волфсбург-Севилја
Салцбург: Салцбург-Лил

Група Х:
Санкт Петербург: Зенит-Малме
Торино: Јувентус-Челси

Scroll to Top