Top Sport

Бензема поради „случајот Валбуена“ го пропушта Ел класико

Карим Бензема, најдобриот играч на реал и првиот стрелец во Примера, би можел да го пропушти првото Ел класико, што ќе се одигра на 24.октомври.

Бензема, во периодот од 20. до 22.октомври ќе излезе пред судот во Франција, поради „случајот Валбуена“.

Напаѓачот е обвинет дека бил врската помеѓу луѓето што го уценувале Валбуена со секс-снимка. Тие бараа одредена сума на пари за да не ја објават снимката во јавноста.

Уценувачите биле другари на Бензема, поради што тој прифатил да го убеди тогашниот соиграч од репрезентацијата, да им ја исплати бараната сума.

Бензема мора некој ден порано да биде во Франција, што значи дека ќе ги пропушти тренинзите пред натпреварот со Барселона.

Шпанските медиуми тврдат дека Бензема сигурно нема да игра во Ел класико.

Барселона ќе го пречека Реал во терминот од 16.15 часот, на 24.октомври.

Scroll to Top