Кадетската репрезентација на Македонија на подготвителниот турнир во Плоцк, Полска, ремизираше со Белорусија 27:27 (9:14).
Македонските кадети во првиот меч покажаа „две лица“, беа неубедливи во првиот дел, кога му дозволија на противникот да доминира и да оставри предност од пет голо, а во второто полувреме со борбена и ангажирана игра успеаја да ја стигнат, но не и да ја прстигнат предноста на Белорусите.
Вториот меч, Македонија ќе го одигра во сабота, а противнок ќе им биде Полска. Полјаците на стартот од турнирот ја совладаа Чешка 32:26.
Натпреварот Полска-Македонија ќе започне во 13 часот.