Top Sport

Шпанија повторно без играчи од Реал, Енрике го повика Гави за завршниот турнир во Лигата на нации

Шпанскиот селектор Луис Енрике, повика 23.фудбалери за завршниот турнир во Лигата на нации, кој ќе се одржи од 6. до 10.октомври. Енрике ја изненади јавноста со повикот што го упати до 17-годишниот фудбалер на Барселона, Гави. Забележливо е дека Енрике повторно не повика во националниот тим ниту еден играч на Реал Мадрид.

Завршниот турнир во Лигата на нации ќе го пропуштат повредените Џерар Морено, Алваро Мората и Џорди Алба. Поради тоа во тимот се повикани напаѓачот на Виљареал Јереми Пино и играчот на Спортинг од Лисабон, Педро Поро.

„Опасно е кога ризикувате со млади играчи во кои не веруваш. Не се сомневам дека тој во иднина ќе биде важен играч за Шпанија. Можеби избрзав што го повикав, но годините не се важни. Ми се допаѓа она што го гледам, сакам да го видам во нашиот тим, да видам дали ќе се вклопи во нашата игра. Тој е и повеќе од подготвен“, ја образложил Енрике одлуката да го повика Гави.

Дополнил дека верува во квалитетите на Маркос Љоренте од Атлетико Мадрид, за кого бил убеден дека би го дал својот придонес и како голман.

На списокот на Луис Енрике се голманите Унаи Симон, Давид Де Хеа и Роберт Санчес, дефанзивците Педро Поро, Цесар Аспиликуета, Емерик Лапорт, Ерик Гарсија, Ињиго Мартинез, Пау Торес, Серхио Регуилон и Маркос Алонсо.

Повик од играчите од редот за врска добија Родри, Серхио Бускетс, Гави, Коке, Микел Мерино, Педри, Маркос Љоренте, Пабло Сарабија, Пабло Форналс и Микел Ојерсабал, додека напаѓачи се Јереми Пино и Феран Торес.

Завршниот турнир во Лигата на нации ќе се одржи во Италија, во Милано и Торино. Шпанија ќе игра против Италија на 6.октомври во Милано, ден подоцна во Торино ќе се сретнат Франција и Белгија.

Финалето е на 10.октомври во Милано.

Scroll to Top